Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје денeс асфалтираа уште еден дел од пешачката и велопатека на Јужниот Булевар во површина од 130 квадратни метри.

Изминатите денови беше асфалтиран првиот и втор дел од пешачката и велопатека во вкупна површина од 550м2, која по налог на Град Скопје од неодамна почна да се реконструира во насока од градилиштето на Лимак до стара Рампа.

Деновиве екипите продолжуваат со активностите за реконструкција на патеките како и со поставување на заштитните столбчиња со цел зголемување на безбедноста на пешаците и на велосипедистите во овој дел од градот.

Претпријатието ги извршува работните активности по налог на Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2022 13:11