Промоција на книгата „Денот на црвот“ од Симона Јованоска вчера се одржа во Паркот на поезијата во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Делото е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ од Скопје.

За романот зборуваше Наташа Абрашева – Нациќ, а делови од романот читаше актерката Ива Милчова. Модератор беше Братислав Ташковски.

Симона Јованоска е родена во 1985 година во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“ а во 2019 година добива второ место на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“ за расказот „Последниот кат“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2022 14:05