ЈСП „Скопје" информира дека поради верскиот празник Задушница, в петок автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред.

В петок, сабота и недела на автобуските линиите со број 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Распоредот на возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2022 14:35