Во Друштвото на писатели на Македонија денеска напладне ќе биде промовирана збирката „Позлатено распетие“ од Ивица Челиковиќ.

Промотор на книгата ќе биде проф.д-р Кристина Николовска.

-Во „Позлатено распетие“ се истражува важноста на возвишеното воздигнување, како стратегија за преживување во еден сè побанализиран и нехуман свет. Возвишеното станува одбрана против индивидуалната и духовната неслобода во светот на надворешниот, материјален и социјален детерминизам. „Тој ист пат… без замислен крај“, со чувство на смиреност, и со помош на стиховите што даваат поттик да можеме да ја признаеме горечката сила во секој неочекуван изблик, затскриен зад нејасен зрак од неизгаснат пламен, и во секој мал знак на животот што се извишува над ехото на приземената и вонземна песна, вели авторот Челиковиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2022 09:27