Во Салон 19:19 во Културно-информативниот центар вечер од 19:19 часот ќе биде промовирана книгата „Соништа на писателот“ од Мимоза Рајл, во издание на „Арс Ламина“.

-Најновото дело на Рајл е во корпусот на едно разнородно уметничко творештво, во кое преку главните ликови ги решаваме вечните прашања, се соочуваме со себеси и нашиот животен пат, се до новата свесност на убавината и смислата, соопшти КИЦ во најавата на промоцијата на која ќе учествуваат уметници, актери и музичари.

Мимоза Рајл е есеист, колумнист, театарски критичар и поет. Професор е по Естетика на аудиовизуелните уметности и директор на Институтот за сценски уметности на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима” во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2022 09:28