Градот Скопје објави јавен повик за набавка на 250 работни униформи и 100 интервентни униформи за скопските пожарникари, како и набавка на противпожарна опрема.

Во рамките на новите 350 униформи, скопските пожарникари ќе добијат нови комплети опрема и за зимски и за летни услови вклучително нови интервенциски одела, интервенциски ракавици, интервенциски шлемови со заштитни очила, интервенциски чизми, чизми за шумски пожари и технички интеревенции и друга опрема неопходна за ефикасно реализирање на работните задачи.

Во делот на набавката на противпожарната опрема опфатено е набавка на одводни противпожарни црева, млазници и универзално пенило за гасење пожар.

Градот Скопје продолжува да инвестира во техничката опременост и модернизирање на противпожарната бригада со цел обезбедување подобри и побезбедни услови за работата на скопските пожарникари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2022 16:07