Со настап на хорови од Србија и Албанија вечерва започнува 31. издание на фестивалот на хорска музика Тетовски хорски одѕиви (ТЕХО), што ќе се одржи во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешочкиот манастирски комплекс.

– На првиот ден од фестивалот, во сабота со почеток од 19.30 часот настапуваат Лесковачка црковно пеачка дружина „Бранко“ од Лесковац, Србија со осум композции, додека девет изведби има мешан хор „БујАрт“ Тирана, Албанија. Останатите хорови настапуваат на вториот ден, недела со почеток од 13 часот, најави претседателот на фестивалот Ивица Зориќ.

На вториот ден настапуваат домаќините, градски женски младински хор „Менада“ со пет композиции, додека градски мешан хор „Гортинија“-Гевгелија со три изведби.

Потоа следува мешан камерен хор „Рождество на Пресвета Богородица“ Скопје со четири композиции и женски младински хор МКЦ Скопје со шест песни. Фестивалот се затвора со настапот на академски машки гор „Гусла“ од Софија,Бугарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2022 09:30