Американската компанија „Аксиом“ и платила на руската вселенска агенција Роскосмос во рубли за летот на нивниот астронаут Марк Ванде Хеј до Меѓународната вселенска станица (МВС), изјави генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, за ТВ каналот „Русија 24“.

Според Рогозин, Роскосмос го добил средствата, но не директно од НАСА, туку од компанијата „Аксиом“, која се појавила како посредник.

-Доцнеше точно еден месец, но сите средства беа уплатени во рубљи, изјави Рогозин.

Според него, за време на организацијата на летот на Марк Хеј, НАСА сфатила дека е под притисок на американскиот Конгрес, па за посредник ја избрале приватната компанија „Axiom Space“ и од нив го нарачала летот.

Компанијата „Аксиом“„ потоа го купила местото на рускиот брод.

Марк Ванде Хеј пристигна во МВС на 9 април 2021 година со ракетата Сојуз МС-18, заедно со руските космонаути Олег Новицки и Петро Дубров.

Новицки порано се врати на Земјата, додека Дубров и Хеј поминаа 355 дена во МВС и се вратија на 31 март 2022 година, поставувајќи рекорд за најдолг престој во орбитата како дел од мисијата МВС.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2022 13:25