Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери врз основа на Изборниот законик, денеска распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 20 август 2022 година.

-Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението

Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2022 06:08