Во Народниот театар „Ј. Х. Џинот“ во Велес денеска премиерно ќе биде изведена танц-претставата „Елегија во пет здива“ по избрана поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Никола Маџиров и Ацо Шопов.

Претставата е во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата се прикажани пет слики (пет здива), односно пет перформанси кои имаат за цел да создадат универзално разбирлив сценски јазик, доловен преку мултидисциплинарен пристап на подготовка и изведба преку комбинација на повеќе медиуми на сценско изразување како танц, нарација и физички театар



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2022 09:14