Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 220 апликации, што говори за голем интерес на граѓаните за добивање средства за надоместок на дел од трошоците. Според проценките за исплата во максималниот износ остануваат финансиски средства за уште околу 120 барања. Доколку се исполни бројката од околу 340 барање, онлајн аплицирањето автоматски ќе биде прекинато за да се разгледаат барањата и согласно тоа да се направи проценка на финансиските средства.

Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2022 година, до завршувањето на повикот на 01.11.2022 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2022 03:11