BINANCE, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, денеска соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите“.

Основачот и извршен директор на Binance, Чангпенг Жао, прво на Твитер објави дека проблемот ќе биде решен во рок од триесет минути.Но, подоцна тој се поправи и напиша дека „веројатно ќе биде потребно малку подолго да се поправи оваа ситуација отколку мојата првична проценка“.

Жао додаде дека „ова влијае само врз биткоин мрежата“ и дека „сопствениците сè уште можат да повлечат биткоини на други мрежи како BEP-20“.

-Средствата се SAFU, додаде тој, а SAFU е кратенката за „Безбеден капитален фонд за корисници“, што е фонд што Binance го основа во 2018 година за да ги заштити корисниците и нивните средства.

Оваа вест доаѓа во време кога биткоинот падна за повеќе од 10 отсто, или под 24.000 долари за парче, што е најниско ниво од декември 2020 година. Најголемата криптовалута во светот е погодена од макроекономски проблеми, вклучително и неверојатната инфлација.

Оваа вест експресно го вознемири светот на криптовалутите и поради утринската вест за прекин на сите трансакции, а најважно за исплатите на компанијата Целзиус, која нуди услуги за заклучување на криптовалутите, на кои дава одреден процент камата. Во соопштението што компанијата го испрати се наведува дека се суспендирани сите „плаќања, замени и трансфери помеѓу сметките поради екстремните пазарни услови“ и дека тоа го прават со цел „Целзиус денеска го стават во подобра позиција за да ги исполни своите обврски со текот на времето“, односно на корисниците да им ги овозможи сите трансакции. Целзиус е една од најголемите компании во областа на овие услуги.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2022 03:11