Центарот за балканска соработка „Лоја“ од Тетово во наредните четири дена го организира јубилејното десеттото издание на филмскиот фестивал „Вач оут“ (Watch out Film Festival) За ова издание на фестивалот се пристигнати 564 филмови од 59 држави од шест континенти, а избраните педесетина ќе бидат претставени преку проекции.
-Ова 10-то издание на фестивалот има за цел да ја доведе поблиску културата до граѓаните и да го трансформира оптештеството преку магијата на киното. За овие 10 години фестивалот даваше надеж, оптимизам, храброст и даваше живот на напуштените места во Тетово. Оваа година фестивалот ќе креира сигурно место од секојдневните нереди кои се случуват во светот, изјави Бујар Љума од „Лоја“ на денешната прес-конфренција.
Во натпреварувачкиот дел победници по категории се за документарен филм – „Мама“ од Пабло дела Чика од Шпанија, во категорија експериментални и анимирани филмови „Приказна за куклата“ (Doll Story) од Шакла Самавати од Ирак, а во категорија на краткометражен филм „Глув“ (Deaf) од Нуриа Муњоз Ортин и Ева Либертад од Шпанија.
Бројот на филмови му дозволи на комитетот за претселекција и жирито да фомираат богат и различен програм и ние сме среќни да посведочиме дека фестивалот прерасна во прославување на кинематографијатаза филмските автори од вљубеници во филмот. Покрај натпреварувачки дел, ќе има работилници од меѓународно признати филмски режисери, продуценти и филмски автори.
Проекциите ќе се случуваат во наредните четири дена од 15 до 18 јуни со почеток во 20 часот во амфитеатарот на музејот на КПМ. Во случај на невреме ќе бидат прикажани во центарот „Лоја“.