Објавен е конкурсот за учество на Меѓународна изложба за деца и младинци „Флора и Фауна-Извор на животот и убавината“- 2022 што годинава, по 16-ти пат ја организираат Детскиот ликовен центар-Скопје и Здружението на ликовните педагози.
На Конкурсот пријавувањето започнува од денеска и ќе трае до 15 ноември. Можат да се пријават ученици, студенти и ментори: наставници, професори по предметот ликовна уметност во основното, средното, високото образование во нашата држава и странство. Ликовните творби треба да се на теми од областа на заштитата на животната средина во урбаниот простор, флората и фауната и слично, а подтема е „Човекот и природата“.
-Испратете творби со позитивни или негативни примери од Вашата непосредна околина-животна средина и природата. Пожелно е творбите да не бидат со поголеми димензии од 70 х 50 см. Приемот на творбите е отворен со почеток од 15 јуни до 15 ноември, 2022 година. Право на учество имаат лица на возраст од пет до 24 години (градинки, основни, средни и стручни-уметнички училишта, студенти од сите факултети во земјата и странство)
Една установа може да испрати најмногу до 30 творби ( вкупно од еден или повеќе ментори); 2.Индивидуално учество на еден учесник – пријавување од страна на родителите: вкупно 2 творби.
Творбите треба да се испратени и добиени по пошта со назнака на адреса: „До Детски ликовен центар-Скопје, Здружение на ликовните педагози, пошта: 1020-Карпош 3, поштенски фах:75, Општина Карпош-Град Скопје“.
Ликовните творби можат да се донесат и во ликовниот центар (во приземје-хол на означено место или први кат-на означено место). Во објектот на Кинотеката-Библиотека Другарче (ул.Никола Русински бр.1, Карпош 3-спроти гимназијата Никола Карев). Дополнителни информации на електронска пошта: likovencentar@yahoo.com, телефони: 389(0)76 987024, 389(0)77 904 .
Традиционалната изложба се организира по повод Светскиот ден на планините, 11 Декември. За отворањето на изложбата и доделување на награди, дипломи и благодарници ќе бидат известени амбасадите во Скопје (за нивните наградени учесници), како и добитниците на награди од Македонија. Наградите ќе се доделат во Киносалата на Кинотеката, најуспешните творби можат да се видат изложени во Галеријата на Ликовниот центар и во Кинотеката.
Генерален покровител на манифестацијата е Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.