Во НУ Музеј на Македонија денеска ќе биде отворена изложбата „Стари балкански фотографии“ од страна на директорот на Државниот архив, Емил Крстески и претседателот на Државната агенција „Архиви“ од Република Бугарија, Михаил Груев.
Изложбата е меѓународен заеднички проект на двете институции и се состои од 25 изложбени паноа со 206 фотографии, кои ја претставуваат историјата на секојдневниот живот во двете земји почнувајќи од втората половина на XIX век до триесеттите години на XX век. Архитектурата, обичаите, занаетите се дел од темите кои се опфатени во изложбата.
Изложбата ќе биде поставена од 15 до 22 јуни оваа година.