Во Велес во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа свечено беа отворени 59 Рацинови средби. На свеченоста беше доделена наградата Рациново признание за 2022 на Александар Русјаков за „Хотел меѓу две војни“. Во изјавата за МИА наградениот Русјаков потенцира дека за него е голема чест да се добие оваа награда во неговиот роден Велес, а посебно му е чест што го носи името на Коста Солев Рацин еден од најголемите македонски поети.
– „Хотел меѓу две војни“ излезе од печат оваа година и прво ја доби наградата Пегаз за необјавен роман и оваа е втора награда, што значи комисиите препознаваат некаков квалитет. Се надевам дека тоа ќе го направи и читателската публика. Добивањето на Рациновото признание е една од најголемите награди во Македонија за книжевност за прозно дело. Како што на Струшките вечери на поезијата е голема чест да се добие наградата за поезија, оваа награда е најголема чест да се добие за проза, вели Русјаков.
Добивајќи ја наградата, Русјаков истакна дек ја посветува на својата пред година ипол почината мајка која го родила во овој град.
Русјаков потсети дека до 1979 година Коста Солев Рацин имал гроб во црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес од каде неговите коски заедно со коските на останатите борци од НОВ се пренесени и денес почиваат во Спомен костурницата од НОВ. Тој апелира до локалната и државна власт и велешани, Рацин како и сите познати личности во светот пак да има свој гроб .
Тој потенцира дека Рацин има свој град, своја Спомен куќа, свои споменици и гимназија и свој фестивал, но за жал нема свој гроб.
На свеченоста во Велес синоќа беше емитувана видео снимка од враќувањето на Почесното Рациново признание за 2022 на проф д-р Жарко Бошњаковиќ, што екипа на организациониот одбор на Рациновите средби неделава му го врачила во неговиот дом во Нови Сад.
Свечеста беше збогатеа со Беседа за Рацин и сценски перформанс од Животот на Рацин, а на крај со македонска музика во изведба на Орхидеја Дукова вокал и Благој Ламјов на кларинет.
Претходно, вчера беше посетена Спомен костурницата од НОВ каде почива Рацин и беше положено цвеќе од повеќе делегации, а потоа и пред двата споменика на Рацин во Велес.
Програмата на 59 Рацинови средби продолжи попладнево со дебата „Македонскиот јазик и култура-предизвиди и перспективи“.
Во 14 часот во Ликовниот салон ќе бидат претставени „Вина инспирирани од делата на Рацин, а во 17 часот традиционално ќе биде посетена Спомен куќата на Рацин и ќе има читање на поезија и музичко-сценска програма.
Свеченото затворање на 59 Рацинови средби е вечер во 21 часот во амфитетарот на Младинскиот парк каде ќе има Поетски митинг на учесниците на средбите од земјава и странство и на крај концерт на групата Некс Тајм.