Фолклорниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија вечерва пред своите сограѓани по 18-ти пат ќе го одржи традиционалниот годишен концерт, на кој ќе го презентира и проектот за обновување на русалиските игри во Гевгелиско.
– Проектот кој е создаван на терен преку контакти со жители од Миравци и Петрово, каде русалиството се негува до денешни дни, има цел обредните русалиски игри да ги промовира како народен обичај што се негувал во времето на некрстените денови од Божик до Богојавление, велат од гевгелискиот ансамбл.
Покрај ова, концертот ќе содржи дел од богатиот фолклорен репертоар на ансамблот „Бојмија“, кој како македонски репрезент има настапувано на многу фолклорни манифестации во земјата и странство од кои редовно се враќа со награди и признанија.
Годишниот концерт на ансамблот „Бојмија“ е подржан од Министерството за култура и општина Гевгелија.