Актерите од Тетовски театар утре премиерно ќе ја одиграат претставата „Граѓанинот благородник“ по текст на Молиер, во режија на Куштрим Бектеши, а претставата ќе се одигра на сцената на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово со почеток во 20 часот.

– Ова е втора премиера за оваа 2022 година. По премиерата утре, реприза имаме во петок. Бетим Зеќири ја направи сценографија, додека костимографија ена Емира Имери, а Фатос Лумани е композитор на претставата. Играат актерите од Тетовски театар и гости од Гостиварски Театар. Имаме и соло пеачка БесартаМуртезани, како и четири инструменталистки студенти кои во живо ќе настапат за време на претставата, изјави Беким Смаили, директор на Тетовски Театар на денешната прес-конференција.

Ова е четврти пат во Тетовски театар како режисер да работи Куштрим Бектеши.

– Молиер овој текст го пишувал во 1670 година пред речиси 400 години. Еден од најдобрите автори во светска драматургија особено кога се работи за комедии. Претставата го третира феноменот на малограѓанството и претставува една сатира на општествениот феномен каде што неписмени малограѓани користејќи ги нивните богатства или политичка моќ, успеваат да стигнат од круговите на елитата во политика, култура или сите општествени аспекти. Со моја интерпретација се третира уште една тема, тоа дека луѓето се што кажуваат, во суштина друго прават. Реално, изгубени се моралните вредности, деградирано е сè и мислам дека е многу актуелно без разлика што пред 400 години ова го пишувал Молиер. Мислам дека тие теми се актуелни особено сега во нашето општество, каде сме ја поминале транзицијата но владее кичот, шунд, деградирање на вредностите итн. Единствениот лик кој е искрен само тој е жртва на тоа што е искрен и верува во љубовта верува во искреноста, изјави Куштрим Бектеши.

На 14 мај беше првата премиера за годинава, траги-комедијата „Бубрегот“ по текст на австрискиот автор Штефан Фогел, а во режија на Марјан Георгиевски од Битолскиот театар.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2022 14:14