Македонскиот уметник Дејан Иванов – Маргуш пред публиката во Софија во концертната сала на Националниот музеј „Борис Христов“ ја отвори изложба „Космички пејзажи 2“, јави дописникот на МИА од Софија. Изложбата е составена од околу 20 живописни творби.

Делата на Иванов, што беа создадени пред ковид-пандемијата претходно беа претставени во Пловдив.

Неговите апстрактни, импулсивни и богати дела во боја, насликани со акрилни бои и комбинирање на дополнителни материјали за подобрување на вибрациите на бојата, сега ќе може да ги види и публиката во главниот град на Бугарија, Софија. Изложбата ќе остане отворена за посетители до 30 јуни 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 04:55