Технолошко-металуршкиот факултет и годинава по повод Денот на факултетот ќе ја организира традиционалната Модна ревија насловена како „МЕТАВЕРЗУМ ИЛИ УНИВЕРЗУМ“.

-Како и секоја година и оваа година, студентите од студиската програма: дизајн и инженеринг на облека, под менторство на м-р Лидија Георгиева, редовен професор, ќе ги прикажат своите стекнати знаења и креативни идеи преку своите креации, велат организаторите.

Тие најавуваат дека на ревијата ќе бидат присутни реномирани претставници од повеќе министерства, амбасади, државни образовни и странски институции, како и претставници од модната фела.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 09:04