Во Културно-Информативниот Центар – Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Кутикула“ од Будимка Поповска.
„Кутикула“ е збирка прозни записи настанати во едно време – невреме во кое духот на времето загатна еден куп неразрешени егзистенцијални загатки, на кои, за жал или за среќа, не постојат книжевни одговори. Одговори запишани во книга коишто чекаат таму некој да ја отвори и да добие готов увид во решенијата и се обидува да го долови тоа сознание, дека секој човек е индивидуа којашто мора сама да дојде до клучните одговори во животот од коишто зависи нејзиниот опстанок и развој.
Книгата ќе биде претставена со осврт на Тихомир Јанчовски, делови од книгата ќе чита Будимка Поповска, музичка изведба на Ѓоко Здравески.