Со кореографијата „Не ми ги допирај очите“ во која настапуваат Анастасија Данчевска и Дејан Битровски, Скопје танцов театар вечер ќе настапи на најголемиот интернационален фестивал за современ танц во Летонија „Laikis Dejot“, што се одржува од 12 до 21 јуни во Рига.

Кореографијата „Не ми ги допирај очите“ е дело на Анастасија Данчевска.

– Во рамки на програмата на Фестивалот, на 17 јуни, уметничката директорка на Скопје танцовиот театар и деканка на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“, професор Рисима Рисимкин, ќе одржи предавање на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“, а кореографот и танчар Дејан Битровски, ќе има работилница за современ танц.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 09:17