Традиционална манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ ќе се одржи вечер на Лeтната сцена „Школка“ во Градскиот парк, под покровителство на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност.

Манифестацијата ќе се одржи во рамки на програмските активности на Градот Скопје во сферата на образованието, во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците, а на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје,

На манифестацијата градоначалничката Арсовска на 29 матуранти – првенци на генерацијата 2018-2022, 2019-2022 и првенци на генерација за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија од 23 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парична награда.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 09:23