На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ќе се одржи Интернационална конференција: „Дигитално граѓанско општество“.

На конференцијата излагање ќе имаат експерти од Шпанија, Италија, Хрватска, Србија и Северна Македонија.

-Седумнаесет говорници меѓу кои универзитетски професори, основачи на бизниси и медиуми, раководители на стартапи, и претставници од непрофитни организации, ќе зборуваат на теми како дигитализација, виртуелна реалност, креативноста во служба на креирање социјални промени, визуелно раскажување приказни, социјални иновации како апликации и софтверски решенија, електронски продавници. Сето ова ќе го носи предзнакот дигитална трансформација на непрофитниот сектор со цел постигнување поквалитетен социјален импакт, велат организаторите.

Овој настан се организира в о рамки на проектот SINet – Social Innovation Network поддржан од Europe for Citizens програмата, а спроведуван од Порака Нова во соработка со Општина Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 09:24