Во Музејот на македонска борба вечер ќе се реализира концертен настан на бас-баритонот Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска насловен „Песни од патувања“ со дела од светски и македонски автори.

Наумовски ќе ги изведе делата од Р. Шуман, Ј. Хајдн, Ј. Брамс, Ж. Ибер, Р. В. Вилијамс, но и дела од македонските автори Томислав Зографски, Горан Начевски и Дарија Андовска.

Со македонската премиера на композицијата „Со маки сум се родил јас”, Иван Наумовски ќе го заокружи циклусот „Песни од татковината“, чија изведба ја започна на целовечерниот концерт на маестро Симон Трпчески.

Иван Наумовски дипломирал во Скопје соло пеење, магистрирал во Виена на државниот универзитет, а исто така е и добитник на наградата „Виртуози“ за најдобар млад музички уметник во земјава.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 10:19