Во Домот на културата во Валандово се одржа промоција на книгата „Дидактика за родители“ од авторот Деан Илиев.
Според насловот на делото, во центарот на книгата се поставени токму родителите и потребата од нивно зголемено учество во процесот на учење и подучување кај децата.
-Во книгата е нотирана можноста за вклученост на иновации во дидактиката како наука и нагласена е потребата од користење на современите компетенции на родителите како партнери во процесот на подучување кај децата, рече авторот Илиев.
Промоцијата на научната публикација беше извршена од страна на професорките Даниела Андоновска-Трајковска и Сузана Никодиновска-Банчотовска.