На сцената во амфитетарот на Младинскиот парк во вчера Велес се одржа Поетстки митинг со 15-тина учесници од земјава и Балканските земји ,а сосема за крај и спектакуларен концерт на групата „Некст Тајм“ кој го проследија голем број на велешани со што заврши програмата и беа затворени годинашните 59 Рацинови средби.

Во рамки на вчерашната свеченоста се одржа и Поетско-драмски перформанс, а беа доделени и благодарници.

На програмата членови на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености „Сите сме исти“ ги претставија своите пишани творби поезија и проза.

Беа промовирани и дела од велешки автори и „Вина иснпирирани од делата на Рацин“.

Воедно традиционално беше посетена и Спомен куќата на Рацин каде имаше читање на поезија и музичко-сценска програма,а се одржа и дебата на тема „Македонскиот јазик и култура-предизвици и перспективи“, со еминентни професори и експерти за македонскиот литературен јазик од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков’ од Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 13:56