Интензивно се работи на експресниот пат Градско-Прилеп, деновиве ќе се пробиваат тунелите, а ние ќе вршиме притисок да се запазат роковите за целосна изградба, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска беше во увид на рехабилитација на патна инфраструктура во Крушево.

Според Бочварски, поради интензивните работи и рехабилитацијата и на превојот Плетвар, може да се очекува забавување на сообраќајот во овој период, но тоа е за да се направи сигурен проток на сообраќајот. Бочварски посочи декане може со сигурност да каже дали идното лето ќе биде готов патниот правец како што е најавено, но, како што рече, државата го направила своето.

-Патот Градско-Прилеп е прооден. Застојот што беше брзо го саниравме со целата расположлива механизација за да тече сообраќајот. Интензивно работиме на експресниот пат, од Градско до Дреново, од Дреново до Фариш, а во моментов се работи и на рехабилитација на целиот превој Плетвар. Ги повикувам граѓаните да имаат разбирање, зашто кога се гради со тешка механизација, ког се пробиваат тунели, за да имаме побезбеден сообраќај за сегашните и идните генерации. Секако дека во овие месеци кога се работи на таа инфраструктура, ќе има потешкотии и забавување на сообраќајот во овој дел, но тоа е за да имаме изграден пат за наредните години и побрз и побезбеден проток на сообраќајот. Сѐ што е потребно, според доделеното сообраќајно решение, градежните оперативи се должни да го почитуваат за сообраќајот да биде во тек и доколку има одредени застои граѓаните да бидат навремено информирани. Кога се случи одронот, ние сме и во фаза на рехабилитација на превојот Плетвар каде има забавување на сообраќајот, но тоа е за да постигнеме побезбеден сообраќај за идниот период, рече Бочварски.

Правиме, дополни, максимален притисок да се запазат најавените рокови шпто беа да биде готов до наредното лето. Деновиве ќе направиме увид при пробивањето на првиот тунел и веднаш ќе се започне со работа и на вториот тунел во клисурата. Она што зависи од државата, а тоа е да обезбеди средства, услови за работа, тоа го има направено. Го правиме максималниот притисок сите проекти да завршат во предвидените рокови. Тоа ќе го утврдат надзорните органи, изјави Бочварски.

Приоритетни патишта во Пелагонискиот регион се и патот Битола-Меџитлија каде наскоро ќе се работи и ќе има нов режим на сообраќај, и автопатот Прилеп-Битола.

-За Пелагонискиот регион апсолутно приопритет е рехабилитација на патот од Битола до Меџитлија каде имаме избрано изведувач. Потребни се само техничките подготовки да се почне со работа, да се одобри сообраќајниот режим каде ќе имаме режим на сообраќај, и, секако, автопатското решение Прилеп-Битола. Во финална фаза е да се потпише договор со консултантска компанија и кога ќе завршат договорите, ќе се започне со изградба на цел, нов потег на автопат во Пелагонискиот регион, изјави Бочварски.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 15:49