Илон Маск за првпат им се обрати на вработените на Твитер и рече дека компанијата ќе мора да го намали бројот на вработени, нудејќи неколку нови детали од својот план за преземање на социјалната мрежа вреден 44 милијарди долари.

Извршниот директор на Tесла, кој е и извршен директор на ракетната компанија СпејсИкс, им кажа на персоналот на Tвитер дека сака да го зголеми бројот на корисници на услуги од 229 милиони на најмалку милијарда луѓе.

Тој додаде дека рекламирањето ќе остане важно за компанијата и покрај тоа што претходно изјави дека смета оти Твитер не треба да прикажува реклами.

„Мислам дека рекламирањето е многу важно за Твитер. Не сум против рекламирањето. Веројатно би разговарал со огласувачите и би рекол, еј, само да се погрижиме рекламите да бидат што е можно позабавни”, рекол Маск.

За време на состанокот, Маск не понуди вести за финализирање на договорот за преземање, но повтори дека се уште се обидува да дознае повеќе за ботови и спам сметки, што го нарече негова најголема грижа.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2022 09:13