Без вода денеска ќе бидат две улици во Батинци, информираат од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“.
Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на улица „3/63“ во Батинци, а прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица 3 и улица 4.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.