НУ Центар за култура – Битола ги почна подготовките за организирање на стручен собир на тема „Стратегија за развој на фолклорната дејност во Македонија – потреба, концепт, можности и предизвици“.

М-р Валентин Соклевски, етнолог и стручен соработник во НУ Центар за култура-Битола истакна дека мотив за организирање на собирот е состојбата во фолклорната дејност по ковид пандемијата, влијанието на актуелната светска економска па и воена состојба, а со цел да се овозможи соодветна стручна дебата, елаборација, размена на мислења и извлекување на соодветни заклучни согледувања.

– Преку размена на искуства, дискусии, идеи, презентација на трудови, резултати од истражувања, посакуваме да се утврди дали постои потреба и дали постои евентуална проекција на клучните сегменти во нацрт концепт за изработка на Стратегија за развој на фолклорната дејност во земјава. Затоа упативме јавен повик за изработка на стручни труодови поврзани со потребата од изработка на стратегија за развој на фолклорната дејност, можни концепти на стратегија за развој на фолклорната дејност, ефекти од стратегијата за развој на фолклорната дејност, споделување искуствао досегашниот начин на функционирање на субјектите од фолклорната дејност, како и други фокус теми врзани со за развојот на фолклорната дејност, човечките реурси во фолклорната дејност и новите дигитални технологии и медиуми во фолклорната дејност, посочи Соклевски.

На Собирот поканети се да учествуваат стручни лица, раководители на КУД, групи и ансамбли, продуценти и истакнати практичари од областа на фолклорот, традиционалната музика и игра кои работаат во институции, фестивали, фолклорни ансамбли, но и наставно – научни работници, стручни лица и студенти од областа на етнологијата, етнокореологијата, етномузикологијата, како и од други стручни области кои се блиски на дејноста.

– На собирот може да се учествува со изработка и презентација на стручен труд, дискусија на зададената тема и тематскиот фокус или презентација на идеја, мислење, коментар…појасни Соклевски.

Краен рок за пријава за учество на стручниот собир е 5 јули 2022 година, информираат од НУ Центар за култура-Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2022 11:58