Во организација на Културно-информативниот центар „Романса”, во Македонска Каменица беше промовирано делото ,,Без крилја” од авторот Климентина Соколовска. Делото, како што истакна Гоце Стојановски, директор на КИЦ ,,Романса” изобилува со квалитетни поетски творби, кои имаат своја порака.

-Соколовска е млад роднокраен автор чие дело „Без Крилја” денес го доживеа светлото на денот. Оваа промоција се реализира во насока на поддршка на роднокрајните автори од овој регион и по тој повод ја користам приликата наскоро да најавам промоција на уште едно ново издание, во кое што ќе може да ужива читателската публика, рече Стојановски.

Културно-информативниот центар „Романса” претходно го поддржа издавањето на сликовницата од младата илустраторка од Македонска Каменица, Софија Ситновска, а од установата најавија дека и во иднина ќе продолжат со поддршка на роднокрајните автори.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2022 13:24