Планинарскиот спортски клуб „Двете уши“ од Гевгелија е организатор на Ехо фестивалот на планински филм кој првпат гостува вечерва во Гевгелија на платото пред Домот на културата, каде ќе се одржат филмски проекции од областа на планинартвото.
Според најавите од организаторот, програмата ќе почне со проекција на филмот „Еверест-тешкиот пат“ од словакот Павел Барабош по кој ќе следува презентацијата на филмот за лавовскиот гребен „Матерхорн“ од авторите Алесандро Белтраме и Ерве Бармас од Италија.
За крај на програмата е најавена проекцијата на филмот „Од океанот до Асгард“ од канадскиот автор Хедер Мошер.
Ехо фестивалот на планински филм во Гевгелија ќе почне во 20 часот, а сите заинтересирани гевгеличани ќе можат бесплатно да присуствуваат на филмските проекции.