Педесет и тројца граѓани на општина Неготино добија субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, информираше денеска неготинскиот градоначалник, Горан Стојанов.

– Врз основа на објавениот јавен повик за субвенционирање на набавка на велосипеди и електрични тротинети за граѓаните на општина Неготино во 2022 година, што беше објавен на почетокот на месец мај, 53 граѓани на општината го остварија правото за добивање на финансиска поддршка од буџетот на општината. Овој проект на општината се реализира веќе неколку година по ред, при што во изминатите четири години општината субвенционираше набавка на околу 250 велосипеди, соопшти Стојанов.

Тој нагласи дека ова значително придонесе за поттикнување на рекреативниот велосипедизам и зачувувањето на животната околина во општината.

– Како резултат на големиот интерес од страна на граѓаните, општина Неготино планира продолжувања на ваквата пракса и во наредните години, додаде неготинскиот градоначалник.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2022 05:34