Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер ќе се одржи првата поетска епизода насловена како „Новите деца во градот“ од концептот Поетска епизода.
Настанот ќе го модерираат младите поети Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, а покрај нив своја поезија ќе прочитаат Павлина Атанасова, Марија Велинова, Благица Трајкоска, Ива Петреска, Софија Тодороска, Андреј Ал-Асади и Сатја Александар Давитков.
– „Поетска епизода“ е нов концепт на поетски средби на млади, во обид да ја збогатиме културната содржина на градот и да се чита убава поезија. Секој настан ќе има флуиден карактер и поинаква тема. Идејата на настанот е младите поети активно да пишуваат, да развиваат интерес за поезијата и да се охрабрат погласно и посмело да читаат, информираат од „Култура Бета“.