Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворено десеттото издание на пролетната програма на „Прво па женско“ со перформанс на „Гол живот“ на Оља Грубиќ и Виа Негатива.
Перформансот ќе се одржи во Денсинг салата на МКЦ. Билетите се достапни на веб-страницата и билетарницата на МКЦ.
Изведувачки на овој перформанс се Оља Грубиќ, Анита Вах, Кристина Алексова, Нина Горопечник, Барбара Куковец и Ена Курталиќ. Музиката е на Едуардо Раон, содржи и фрагменти од делата на Густав Малер: „Das Lied Von Der Were – Der Abschied“ и „C. P. E. Bach: Solfeggietto“. Продуцент е Шпела Трошт а концептот и идејата се на Оља Грубиќ.
-Голите женски фигури бараат место во публиката, на сцената, покрај ѕидовите во просторот. Рендањето зеленчук има централна улога во перформансот: изведувачките рендаат моркови, тиквички и краставици во сексуално обележани положби. Жената е претставена како домаќинка и сексуален објект во еден чин, а во исто време, фрагменти од менталниот тек на изведувачот се расплетуваат паралелно со звукот, велат организаторите на настанот.
Ова издание на Прво па женско е поддржано од: Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, FRIDA | The Young Feminist Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура. Партнери и соработници за #ППЖ10: Медуза, ПичПрич, Младински Културен Центар, Коалиција Маргини (Skopje Pride Weekend), Контрапункт (КРИК – фестивал за критичка култура), Helsinki Citizens‘ Assembly (HCA), Приватен Принт и ЦИНИК – центар за истражување на анционализмот и културата.