Треба да започнеме со тоа дека не го негираме постоењето на вистинското пријателство помеѓу маж и жена. Но има моменти во кои работите излегуваат надвор од пријателската зона. Ако однесувањето на неговата најдобра пријателка ви пречи, видете ги знаците кои ќе ви помогнат полесно да ги видите нејзините намери:
1. Флертува со него
Понекогаш разговорите за секс и интимност ги пречекориле границите на пријателското споделување.
2. Тој секогаш ги става нејзините потреби над своите.
Кога едниот од пријателите е подготвен да се жртвува за потребите на другиот, работите се во рамките на доброто пријателство. Но, во некои ситуации, се чувствува и лична саможртва на вљубен човек.
3. Избегнува да ја споменува, но не пропушта средба со неа позади твојот грб.
Ако имате аларм за проблеми, ова е вистинскиот момент да го вклучите. Зошто штом е само пријателка, не престанува да ја чува во тајност?
4. Никогаш не си ја сретнала, но си слушнала многу за неа.
Вљубените мажи сакаат да ја споделат својата возбуда со сите. Средбата со неа ви е „забранета“, но за сметка на тоа, слушате илјадници приказни за нивните заеднички искуства.
5. Таа те избегнува.
Пријателките на мажите секогаш сакаат да се запознаат со партнерката, но таа упорно го избегнува твоето присуството.
6. Секогаш ги споделува вестите прво со неа.
Во нормални врски, партнерите си споделуваат прво еден со друг, нели?
7. Луѓето те прашуваат: Што мислиш за нивните односи?
Ако луѓето околу тебе забележуваат нешто чудно во нивните односи значи навистина треба да размислиш.
8. Таа секогаш се држи како љубоморна девојка.
Се жали на недостаток на внимание и не престанува да го занимава со нешто твојот партнер.
9. Убедена е дека неа ќе ја избере пред тебе.
Ова дефинитивно, е моментот кога треба да ја прекинеш врската. А можеби таа одамна и прекинала?!