Околу половината од населението внесува помалку од 60 мг. витамин Ц на ден, односно од препорачаната дневна доза. Меѓутоа, дури и оваа количина е недоволна да ги задоволи дневните потреби на современиот човек, со динамичен начин на живот.

Состојките од цигарите го уништуваат витаминот Ц, па дневната доза за пушачите изнесува 100 мг. Некои студии покажуваат дека на пушачите им се потребни дури 200 мг. витамин Ц на ден, за да го одржат потребното ниво. Пет оброци, составени од овошје и зеленчук на ден обезбедуваат помеѓу 200 и 300 мг. на ден, а тоа преставува вистински минимум за одржување на добрата здравствена состојба на организмот.

Доколку витаминот Ц се зема во вид на диететски додаток, треба да се има на ум дека претераните количини на витамин Ц можат да предизвикат дијареа, зачестено мокрење, сушење на носот и осип на кожата. Се препорачуваат од 1.000 до 2.000 мг.на ден. Постојат бројни студии, кои со години го проучувале ефектот од витаминот Ц во борбата против ракот. Најголемиот дел од овие студии потврдуваат дека витаминот Ц преставува еден од најмоќните сојузници на организмот за борбата со разни видови рак, како: рак на усната празнина, грлото и хранопроводот, белите дробови, црниот дроб, желудникот и мочниот меур.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2022 03:54