Од печат излезе романот на Паскал Гилевски „Излезе сејачот да сее – роман за Блаже Конески“. Романот е во издание на Матица македонска.

-Делото се заснова врз педесетина средби на авторот со великанот на македонската литература и наука, при што е опфатен период од три децении од животот на Конески, но во книгата читателите ќе се сретнат и со цела плејада на познати личности од Блажевата епоха, главно писатели, уметници и политичари, кои оставиле длабоки траги во поновата македонска историја и национална култура, велат од Матица.

Раде Силјан во препорака на изданието посочува дека романот е напишан во препознатливиот раскажувачки стил на Паскал Гилевски, што се состои во актуелност на темата, силата на сугестијата на раскажувањето и читливоста.

Паскал Гилевски е автор на богат литературен опус, за кој е добитник на престижни национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „11 Октомври“ и „23 Октомври“ за животно дело од областа на културата. Член е Унгарската академија на науките и уметностите.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2022 09:54