Од 24 до 26 јуни, по 6. пат во Крушево ќе се одржи фестивалот „When In Krusevo“ (Кога во Крушево). Оваа година Ферстивалот ќе понуди бројни активности и отворена можност за уживање по двегодишните ограничувања за движење.
Фестивалот ќе ги понуди адреналинските спортови: искачување на вештачка карпа, јавање коњи, кајак и SUP (stand up paddleboard). За љубителите на планинскиот велосипедизам има кратка и долга тура од 15 и 30 километри, додека за истражувачите на планинските убавини, кратка и долга планинарска тура од 10 и 20 километри. За прв пат оваа година за обожавателите на трките, ќе се одржи и трка од 5 километри како и „trail“ трка.
Бидејќи Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на спортски туризам, во Фестивалот е вклучен тандем параглајдинг од Мечкин Камен.
За посетителите и семејствата ќе има забава преку денот, како и многу детски игри кои ќе се одржат на Крушевското езеро.
Со оглед на тоа дека заинтересираноста е голема, и годинава е обезбедена камп зона на Крушевското Езеро со сите потребни услови.