Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ синоќа е отворена изложбата на членовите на Ателјето за цртање и сликање кое веќе пет години дејствува под раководство на уметницата Лара Ташковска Ларсон и со поддршка на академскиот уметник Васко Ташковски, кој присуствуваше на отварањето.

Изложбата обедини членови на разни генерации кои се претставуваат со најразнородна тематика во повеќе техники. Застапени се шеесетина дела со најразнородни мотиви, портрети, пејзажи, флората и фауната, митологијата, а работени се во повеќе техники – акварел, молив, јаглен, пастел, колаж, масло на платно, акрил.

-Она што е најсугестивно во оваа изложба е разнообразноста на изразните форми, и пред се заложбата во поттикнувањето на поривот за осознавање на тајните на уметноста и надоградбата на талентот кај искусни творци и педагози кои го препознаваат сензибилитетот на секој член одделно, го насочуваат и облагородуваат, запазувајќи го автохтоното во предиспозицијата, која непосредно го карактеризира, авторскиот ракопис запазен секое дело одделно, истакна Виолета Калиќ, историрачка на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У. Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје која ја отвори оваа јубилјена изложба пред многубројната публика.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2022 09:13