Аеродром вчеравечер пулсираше во ритамот на добрата музика, неверојатната забава и веселиот детски џагор со кој го означивме крајот на изминатата учебна година и го дочекавме долгото и топло лето.

Стотици посетители беа дел од хуманитарниот настан „Среќно лето, весел распуст“ што Општина Аеродром го организираше заедно со „Капитол мол“ на плоштадот зад овој трговски центар.

Настанот го отворивме магично со неверојантниот Кристиан Шопов, кој со своите трикови ги воодушеви сите, особено нашите најмали кои со внимание го следеа и учествуваа во неговиот оригинален настап.Потоа на сцена стапија хорчето „Поточиња“ кои со весели песнички измамија насмевки на детските ликови, а возрасните ги вратија во некои безгрижни детски времиња.

Цела публика на нозе ја крена Таско, а потоа настапија впечатливите Некст Тајм. Нивните уникатни преработки на македонските традиционални песни во еден глас ги пееја сите аеродромци.

Круна на целиот настан претставуваа дел од кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кои на сцена го качија неодамна освоениот пехар и уште еднаш докажаа дека нашата Општина е една од најспортските општини. Во тој дух, најмладите добија и голем број оригинални награди од Фудбалската федерација на Македонија.

Општина Аеродром им благодари на сите кои вчера беа дел од овој настан, кој ќе се потрудиме да прерасне во традиција, која ќе ја негуваме и во наредните години.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2022 12:34