Авторот Стефан Марковски е годинашен добитник на наградата за најдобра творба на Меѓународната манифестација „Празник на липите”.

Конкурсот го распиша Друштвото на писателите на Македонија, а пристигнале повеќе творби, кои ги разгледуваше тричлената жири-комисија во состав на претседателот Васил Тоциновски и членовите Југослав Петровски и Пунторие Муча Зиба. Од ДПМ соопштија дека едногласно е одлучено наградата да се додели на авторот Марковски.

Манифестацијата „Празник на липите” е традиционална, а годинава ќе се одржи на 28 јуни, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

Наградата на авторот Стефан Марковски е во вид на плакета и ќе му биде врачена на свеченоста на манифестацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2022 15:12