Денес започнавме со градежни активности за промена на секундарната водоводна мрежа на улица Авној во Зрновци, по што ќе следи целосна реконструкција и асфалтирање на истата.

Се надевам на разбирање од страна на граѓаните за отежнатото движење по улицата и за повремените прекини на водоснабдување во овој дел од село Зрновци.

Целосно завршување на овие активности е предвидено до петок.

Продолжуваме одговорно и посветено за доброто на сите граѓани на општина Зрновци.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2022 15:24