На денешната 54-та седница на Владата, министрите го разгледаа и утврдија предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје.

Со документот се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на културните центри.

Како што соопштија од Владата, културните центри, согласно политиката на добрососедство придонесуваат за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на Република Северна Македонија. -Ваквите центри овозможуваат навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави односно претставува мост за зближување и заемно запознавање, се наведува во владиното соопштение.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2022 05:46