Пневмонија или воспаление на белите дробови е една од честите болести на белите дробови. Најчести причини се бактерии и вируси. Некогаш тоа било неизлечлива болест со голем процент на смртност. Со развојот на медицина смртноста од оваа болест значително се намалила.

Пневмонијата е инфекција на белите дробови која може да биде предизвикана од било кој организам за кој се знае дека може да предизвика инфекции кај луѓето. Тука спаѓаат бактериите, амебите, вирусите, габите и паразитите. Во Соединетите Држави, пневмонијата е шестата болест по степен на појавување која може да резултира во фатален исход; секоја година 2 милиони американци добиваат пневмонија, а 40,000-70,000 умираат како последица од оваа болест. Пневмонијата исто така претставува најчеста инфекција со фатален исход како крајна фаза кај некои пациенти кои се веке интернирани од друго заболување. Во развиените земји, пневмонијата се врзува со дијареата и во таа комбинација претставува најчеста причина за смртност. Дури и во случаите кои не завршуваат фатално, пневмонијата претставува значителен економски товар на здравствениот систем. Една студија проценува дека вработените лица во Америка кои добиваат пневмонија ги чинат своите работодавачи петпати повеке отколку што изнесува сумата на здравственото осигурување по глава на работник.

Покрај изложувањето на големи количини на ваквите штетни организми, постојат дадени услови при кои кај поединецот може да дојде до појава на пневмонија. Секако, недостаток од нормалната анатомска структура може да го зголеми ризикот од заболување од пневмонија. На пример, постојат некои наследни недостатоци кај цилиите, кои го намалуваат заштитниот механизам. Пушењето, било да се работи за активен или пасивен пушач значително го нарушува функционирањето на цилиите, како и функционирањето на макрофагиите. Мозочниот удар, нападите, алкохолот и многу лекови можат да го нарушат функционирањето на епиглотисот. Вака ослабениот епиглотис не може така ефикасно да го спречува навлегувањето на проголтаните и/или супстанциите кои се враќаат наназад а можеби содржат загадени честици. Алкохолот и лековите исто така го нарушуваат нормалниот рефлекс на кашлање. Ваквите штетни фактори ја намалуваат шансата за целосно исфрлање на штетните елементи од респираторниот тракт. Вирусите исто така ја нарушуваат функцијата на цилиите, допуштајки самите тие или други штетни микроорганизми (како што се бактериите) да навлезат во долниот респираторен тракт.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2022 05:14