Тахикардија е симптом кој претставува покачување на бројот на чукања на срцето (срцева фреквенција) над физиолошките граници. Кај човекот физиолошка граница зависи од животното доба, а кај возрасните луѓе изнесува повеќе од 100 отчукувања во минута.
Покачувањето на срцевата фреквенција може да биде дел од физиолошките појави во телото на човекот. Примери за тоа се тахикардија како последица на засилените метаболитички потреби (на пример физички напор), последица на паѓање на крвниот притисок - рефлексна тахикардија или тахикардија како последица на стимулација на срцето директно на нервите и хормоните на симпатичниот нервен систем (на пример кај психичките напнатости или страв). Тахикардијата може да се појави и поради патолошките процеси на срцето или патолошките процеси кои примарно не го зафаќаат срцето. Тахикардијата може да се подели на: синусна тахикардија, вентрикуларна тахикардија, суправентрикуларна тахикардија.
Брзото чукање на срцето (тахикардија) може лесно да биде смирено пиејќи чај од јаглика и вино од неа. Потребни се 50 гр јаглика, 25 гр лаванда цвет, 10 гр хмел и 15 гр кантарион. Истурете една лажица од оваа смеса со 1/4 литар врела вода и оставете да отстои три минути. Пијте на спиење, онолку жешко колку што можете да издржите, а смесата засладете ја со малку мед.
Виното од јаглика можете сами да го направите со берење на цветови од јаглика, најчесто во пролет, кои ќе ги ставите во шише од 2 литри и врз нив ќе ставите чисто бело вино. Шишето треба да отстои на сонце две недели. Земете 2-3 голтки по потреба, додека пацинетите со посилни срцеви проблеми можат да земаат 3 супени лажици на ден.