[photo]

Со концерт насловен „Словенски воз“ чии организатори беа Домот на културата и музичкото училиште, синоќа пред гевгелиската публика се претстави пијанистката Јасмина Трајческа од Прилеп.

Според програмата, концертот содржеше премиерна изведба на дела од композиторите Стефан Гајдов, Билјана Бојовиќ и Леош Јаначек, а беше изведено и делото „Македонски триптих“ од композиторот Тодор Скаловски.

– Концертот всушност претставуваше синтеза на словенската и балканската музика, богата со фолклорни елементи кои преплетуваат во сите фрази компонирани во модерен класичен стил и разни ритмови што оваа музика ја прават препознатлива за овие простори, велат организаторите.


Концерт на пијанистката Јасмина Трајческа во Гевгелија

Пијанистката Јасмина Трајческа додипломски и постдипломски студии завршила на факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор Валери Стефановски. Зад себе има богата концертна дејност со голем број меѓународни награди.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2022 11:45