Македонската тениска репрезентација ја победи Црна Гора со 2:1 во меч од третата европска група во Дејвис купот на турнирот што се игра во Улцињ.

Калин Ивановски и Горазд Србљак победија во дубл натпреварот против Петар Јовановиќ и Резарт Цунгу.

Во сингл, Ивановски победи со 6:4 и 6:3 против домашниот тенисер Петар Јовановиќ, додека во вториот сингл натпревар македонски тенисер Берг Бугариќ загуби од Резарт Цунгу.

Црна Гора беше еден од фаворитите и втор носител на турнирот.

Утре македонските тенисери ќе се соочат со репрезентацијата на Молдавија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2022 03:27