Попладнево околу 17:00 часот река од град „течеше“ над гевгелиското село Серменин, во близина на манастирот „Свети Илија“.

Според очевидци градот било краткотраен, но многу силен, а зрната биле со големина на јајце по што се формирала и покривка од неколку сантиметри.

Очевидци од селото Серменин, кои на ова место се упатиле да собираат печурки, се затекнале таму кога почнал да паѓа град. Успеале да влезат во џипот и да се засолнат од невремето.

Според првичните информации, градот погодил подрачје во кое има само шума, а посевите не се зафатени.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2022 03:56